Category: Претходни години

Патуваме во Европа

No Comments
Ова лето, 15 студенти од Македонија ќе добијат 3 дена во Берлин, интер-раил карта за патување со воз до сите дестинации во ЕУ и џепарлак за да поминат незаборавни 30 дена запознавајќи било која земја и било кој град во Европа. Сакаш ли да ја видиш Бранденбуршката капија? Ајфеловата кула? Римскиот колесеум или музеите во Амстердам? Дали имаш дупка од месец дена во твојот “набиен“ студентски распоред? Дали сакаш на младите Европјани кои ќе ги сретнеш во воз, хостел, музеј или клуб лично да им го препорачаш местото од каде што доаѓаш, знеменитостите крај кои си израснал, храната што си ја јадел и виното што си го пиел носејќи им брошури од Македонија?

 

Услови кои треба да ги исполнуваш:
– апсолвент или последна година
од студии на сите Универзитети
– просек над 8,50
– желба за патување
Ние обезбедуваме:
– Interrail карта за 30 дена
– 3 дена во Берлин
– осигурување
– платежна картичка

 

Categories: 2010

Македонските студенти ја истражуваа Европа

No Comments

МНОГУ СПОМЕНИ И СЛУЧУВАЊА ПРЕТОЧЕНИ НА ФОТОГРАФИЈА

Во рамките на проектот Патуваме во Европа, претставници на најдобрите студенти од Македонија, летово имаа можност еден месец да патуваат низ Европа и повторно се вратија назад во Македонија. Во организација на Граѓанска асоцијација МОСТ, осумнаесет студенти избрани по пат на јавен конкурс, имаа можност да се запознаат со навиките и културите на Европските народи и градови, но и да ја претстават Македонија.

“Доживеавме многу згоди и по некоја мала незгоди. На моменти бевме еуфорични од среќа, но понекогаш и уморни од честите преселби. Не станавме драстично подобри луѓе за само месец дена, но нашите погледи на светот се малку пошироки. Ова патешествие дефинитивно ќе остане една од поважните одредници во нашите животи“- ќе рече Анета Спасеска, студент на архитектура.

Сите студенти пристигнаа во Берлин, каде три дена се дружеа со околу 200 студенти од целиот регион, кои исто така беа дел од проектот. Од тука секој тргна по својот пат. Франција, Италија, Шпанија, Чешка, Словачка, Австрија, …   Секој имаше можност сам да избере што сака да види и каде сака да ја промовира сопствената земја. Своите доживувања ги преточија во фотографии и ги раскажаа низ есеи (награден есеј).

Виолета Стојановска, присеќавајќи се на патувањето, ќе рече:  “Да патуваш во Европа може и не е така лесно, но кога ја имаш желбата во себе, тон ентузијазам под рака, ранец тежок еден тон и си со насмевка до уши, работите изгледаат многу поедноставно“.

Дополнителна вредност  на проектот е што допринесе за позитивно претставување на земјава на обичните граѓани на ЕУ. Секој студент дистрибуираше брошури во кои беа претставени значајни настани и споменици од Македонија. Ова е трета година по ред како студентите на овој начин придонесуваат за афирмација на земјата.

Со помош на донаторите и спонзорите на проектот, МОСТ на студентите за времетраење од 1 месец, им обезбеди Inter Rail карта, за неограничено патување со воз, бесплатна Шенген виза издадена од Германската амбасада, осигурување од Сава Табак, ISIC картичка од Аурора Турс и дел од потребните средства на платежна картичка од НЛБ Тутунска банка. Сите информации за проектот и слики од патувањето достапни се на www.patvoevropa.org.mk, страница која бесплатно е хостирана од ОН нет.

Categories: 2009

Ориентациона сесија

No Comments

 На церемонијата организирана во чест на студентите кои оваа година ќе бидат дел од проектот Пат во Европа, тие ги подигна бесплатните едномесечни визи. На своето ново патешествие, ќе ги запознаат европските земји и нивните демократски вредности, народите и културите, но и ќе раскажат за својата земја и ќе ги поканат европските граѓани да ја посетат Македонија. Студентите се избрани на јавен конкурс, селектирани според просечната оценка во текот на студирањето, редовност во студирањето и познавање на странски јазици. Од реализаторот на проектот, Граѓанската асоцијација МОСТ, со помош на донаторите и спонзорите, обезбедени се Inter Rail карта, за неограничено патување со воз, бесплатна Шенген виза, осигурување, студентска картичка и дел од средствата кои ќе им бидат потребни, на платежна картичка.
Соопштение за медиуми (PDF) 

 

Categories: 2009

Интервјуа

No Comments

Денес, 03.07.2009 заврши процесот на интервјуирање со финалните кандидати. Конечната листа со оние студенти кои ќе имаат можност да патуваат еден месец низ Европа ќе биде објавена во Вторник.

 

Categories: 2009

Распоред на интервју

No Comments

Интервјуата ќе се одржат во просториите на 
Г.А.МОСТ ул. Стрезово 7, Скопје на ден 10.06.2008 (четврток).

 

10, 00 1ва Група
  Виктор Стојановски
  Сашо Димковски
  Данче Ончевска
  Благица Зафировска
   
10, 30 2ра Група
  Билјана Дореска
  Дарко Велкоски
  Горица Тапанџиева
  Трајче Ивановски
   
11, 00 3та Група
  Ема Зафировска
  Маја Џундева
  Мирослав Мирчев
  Мартин Адамчевски
   
11, 30 4та Група
  Махир Демир
  Никола Кескинов
  Ангелка Велкоска
  Јулијана Мојаноска
   
12, 00 5та Група
  Лазар Кескинов
  Драгана Челева
  Тијана Митевска
  Златко Стојановски
   
12, 30 6та Група
  Ема Кузмановска
  Илина Манасиеска
  Магдалена Билбиловска
  Душица Маркоска
  Филип Кузмановски

 

Categories: 2008

Влегоа во Европа но се вратија во Македонија

No Comments

   Претставниците на најдобрите студенти од  Македонија, по едномесечен престој во Европа се вратија назад во Македонија. Тие сега се наоѓаат пред предизвик да допринесат кон подигање на јавната свет за тоа колку е важно сите граѓани на РМ да ги почитуваат и негуваат демократските вредности.

Соопштение за медиуми (PDF)

Фотогалерија

“Не радува фактот што студентите се задоволни од патувањето и што се вратија дома побогати за нови искуства“- истакна Дарко Алексов, извршен директор на МОСТ и додаде: “Целта на овој проект беше преку патување, дел од најдобрите студенти во Македонија, да ја запознаат Европа, демократијата, културата и навиките и да ја претстават својата земја. Со задоволство може да кажеме дека оваа цел е остварена“.

Дневниците што со себе ги понесоа студентите, како што кажаа тие, се исполнети со настани, случувања и места за кои ќе вреди долго да се прераскажува. Воочиле многу различности, но и сличности, со состојбата кај нас и спремни се да придонесат кон подобрување на нештата во насока на доближување кон големото семејство.

“Демократските вредности треба да се негуваат и практикуваат. Размената на искуствата и директниот контакт се најдобар начин да се осознаат нештата. Останува предизвикот истите да се споделат“- додаваат дел од студентите.

Дополнителна вредност на проектот е што допринесе за позитивно претставување на земјава на обичните граѓани на ЕУ. Секој студент дистрибуираше по 250 брошури во кои беа претставени значајни настани и споменици од Македонија.

Со помош на донаторите и спонзорите на проектот, МОСТ на студентите за времетраење од 1 месец, им обезбеди Inter Rail карта, за неограничено патување со воз, бесплатна Шенген виза издадена од Германската амбасада, осигурување од Табак осигурување, ISIC картичка од Аурора турс и дел од потребните средства на платежна картичка од НЛБ Тутунска банка. Сите информации за проектот и слики од патувањето достапни се на www.patvoevropa.org.mk, страница која бесплатно е хостирана од ОН нет.

Categories: 2007

Скопје – Белград – Виена

No Comments

 

Патувањето започна! Од Скопје стигнавме во Белград, каде ни се придружија и колегите од Србија и Црна Гора. Првата европска дестинација е Виена, таму не пречека Амбасадорот на Р Македонија во Виена, Д-р Весна Борозан, која не поздрави и ни посака пријатен пат. Тргнуваме на патување низ Европа, нашите импресии и фотографии можете да ги погледнете во фотогалеријата, а патот до Виена можете да го проследите во продолжение.
Categories: 2007