Category: 2013

Ја запознаваа Европа и ја промовираа Македонија

No Comments

Warning: imagecreatetruecolor() [
function.imagecreatetruecolor]: Invalid image dimensions in /home/content/64/4351964/html/patvoevropa.org.mk/wp-content/plugins/nextgen-gallery/lib/gd.thumbnail.inc.php on line 555

Warning: imagecopyresampled() expects parameter 1 to be resource, boolean given in /home/content/64/4351964/html/patvoevropa.org.mk/wp-content/plugins/nextgen-gallery/lib/gd.thumbnail.inc.php on line 940
sl734902

Бесценето е тоа што го видов, научив, бесценети се новите пријателства, вака раскажува еден од студентите, кои ја имаа можноста еден месец да се чувствуваат како вистински европејци.

11 студенти, избрани на конкурс, во организација на Граѓанската Асоцијација МОСТ, патуваа низ Европа.

Преку проектот „Патуваме во Европа“, ги запознаа навиките и културите на европските народи. Но ова, беше убава можност и да ја промовираат Македонија, онака спонтано, како што само младите знаат.

Секој студент дистрибуираше брошури во кои беа претставени знаменитостите и убавините на Македонија.

„Доколку го запознаеш опкружувањето, ќе можеш да го споредуваш. Афирмираш и надградуваш сопствениот аспект на светот“, вели Јован Битољану, еден од студентите.

Ова беше седма година како студентите придонесуваат за позитивна афирмација на земјата.
Синоќа на прекрасно и спонтано дружење во Старата чаршија беше промовиран видео-спот и изложба на фотографии, како спомен за едно бесценето искуство, но и повик најдобрите студенти и следната година да се пријават на конкурсот.

Categories: 2013

ДОПИР СО ПОИНАКВОСТА за 11 македонски студенти

No Comments

23.09.2013, Скопје

Во организација на Граѓанска асоцијација МОСТ, 11 студенти избрани по пат на јавен конкурс, ова лето добија уникатната можност еден месец да се чувствуваат како вистински Европејци.

Преку проектот Патуваме во Европа, претставници на најдобрите студенти од Македонија еден месец патуваа низ Европа и се запознаваа со навиките и културите на Европските народи, истовремено промовирајќи ја Македонија.

За Јован Битољану, еден од студентите кој беа дел од проектот, комуникацијата е од суштинско значење. Тој смета дека само доколку го запознаеш опкружувањето ќе можеш да го споредуваш, промовираш, афирмираш и надградуваш сопствениот аспект на светот. За него потребата од комуникација со европското опкружување успешно била иницирана и спроведена токму преку проектот „Патуваме во Европа“. За крај во својот есеј за проектот Јован ќе напише: „Длабоко верувам дека овој проект ќе придонесе кон градење и зајакнување на врските на младите со европското општество.“

Сите 11 македонски студенти пристигнаа во Берлин, каде три дена се дружеа со околу 200 студенти од целиот регион, кои исто така беа дел од проектот. Од тука секој тргна по својот пат. Холандија, Франција, Италија, Шпанија, Чешка, Словачка, Австрија, …   Секој имаше можност сам да избере што сака да види и каде сака да ја промовира сопствената земја.

Сеќавајќи се на патувањето Анита Михајлова изјави: „Од искуството до сега знам дека најдобрите спомени се од моите патувања. И знам дека оние најдобрите се оние кои малку ме плашат.  Патувањата кои после одредено време случувањата во животот ги сведуваат на “пред“ и “потоа“, тие стационарни мигови од животот кои мамат насмевки, мислам на оние вистинските, кои најпрво се јавуваат во очите пред да ја зафатат целата физиономија на лицето….Малку време ми требаше да сфатам дека ова беше едно такво патување.“

Дополнителна вредност  на проектот е што истиот допринесе за позитивно претставување на Македонија на обичните граѓани на ЕУ. Секој студент дистрибуираше брошури во кои беа претставени значајни знаменитости од Македонија. Ова е седма година по ред како студентите на овој начин придонесуваат за позитивна афирмација на земјата.

Со помош на донаторите и спонзорите на проектот, МОСТ на студентите за времетраење од 1 месец, им обезбеди Inter Rail карта, за неограничено патување со воз, патничко осигурување и ISIC картичка донирана од Аурора Турс. Дел од потребните средства за патување на платежна картичка ги донираше НЛБ Тутунска банка, а  пак промотивните брошури ги обезбеди Националната агенција за развој и поддршка на туризмот.

Categories: 2013