Коктел 2010

Претставници од најдобрите студенти од Универзитетите во Македонија го започнаа својот Пат во Европа. На церемонијата организирана во нивна чест тие ги подигнаа своите Inter Rail карти, за неограничено патување со воз, бесплатните едномесечни визи, за оние кои сеуште немаа биометриски пасош, како и осигурувањата, студентските и платежните картички .
На своето ново патешествие, студентите ќе ги запознаат европските земји и нивните демократски вредности, народите и културите, но и ќе раскажат за својата земја и ќе ги поканат европските граѓани да ја посетат Македонија. Студентите се избрани на јавен конкурс, селектирани според просечната оценка во текот на студирањето, редовност во студирањето и познавање на странски јазици.
Бодување на студенти
По извршените интервјуа, а рангирано според бодовникот, листата на избрани студенти е следната:
За патувањето се избрани првите 15 студенти Read More
Распоред на интервјуа
Интервјуата ќе се одржат во просториите на
Г.А.МОСТ ул. Стрезово 7, Скопје на ден 12.07.2010 (понеделник). Read More
Патуваме во Европа
Ова лето, 15 студенти од Македонија ќе добијат 3 дена во Берлин, интер-раил карта за патување со воз до сите дестинации во ЕУ и џепарлак за да поминат незаборавни 30 дена запознавајќи било која земја и било кој град во Европа. Сакаш ли да ја видиш Бранденбуршката капија? Ајфеловата кула? Римскиот колесеум или музеите во Амстердам? Дали имаш дупка од месец дена во твојот “набиен“ студентски распоред? Дали сакаш на младите Европјани кои ќе ги сретнеш во воз, хостел, музеј или клуб лично да им го препорачаш местото од каде што доаѓаш, знеменитостите крај кои си израснал, храната што си ја јадел и виното што си го пиел носејќи им брошури од Македонија? |
Услови кои треба да ги исполнуваш: – апсолвент или последна година од студии на сите Универзитети – просек над 8,50 – желба за патување |
Ние обезбедуваме: – Interrail карта за 30 дена – 3 дена во Берлин – осигурување – платежна картичка |