Category: 2009

Македонските студенти ја истражуваа Европа

No Comments

МНОГУ СПОМЕНИ И СЛУЧУВАЊА ПРЕТОЧЕНИ НА ФОТОГРАФИЈА

Во рамките на проектот Патуваме во Европа, претставници на најдобрите студенти од Македонија, летово имаа можност еден месец да патуваат низ Европа и повторно се вратија назад во Македонија. Во организација на Граѓанска асоцијација МОСТ, осумнаесет студенти избрани по пат на јавен конкурс, имаа можност да се запознаат со навиките и културите на Европските народи и градови, но и да ја претстават Македонија.

“Доживеавме многу згоди и по некоја мала незгоди. На моменти бевме еуфорични од среќа, но понекогаш и уморни од честите преселби. Не станавме драстично подобри луѓе за само месец дена, но нашите погледи на светот се малку пошироки. Ова патешествие дефинитивно ќе остане една од поважните одредници во нашите животи“- ќе рече Анета Спасеска, студент на архитектура.

Сите студенти пристигнаа во Берлин, каде три дена се дружеа со околу 200 студенти од целиот регион, кои исто така беа дел од проектот. Од тука секој тргна по својот пат. Франција, Италија, Шпанија, Чешка, Словачка, Австрија, …   Секој имаше можност сам да избере што сака да види и каде сака да ја промовира сопствената земја. Своите доживувања ги преточија во фотографии и ги раскажаа низ есеи (награден есеј).

Виолета Стојановска, присеќавајќи се на патувањето, ќе рече:  “Да патуваш во Европа може и не е така лесно, но кога ја имаш желбата во себе, тон ентузијазам под рака, ранец тежок еден тон и си со насмевка до уши, работите изгледаат многу поедноставно“.

Дополнителна вредност  на проектот е што допринесе за позитивно претставување на земјава на обичните граѓани на ЕУ. Секој студент дистрибуираше брошури во кои беа претставени значајни настани и споменици од Македонија. Ова е трета година по ред како студентите на овој начин придонесуваат за афирмација на земјата.

Со помош на донаторите и спонзорите на проектот, МОСТ на студентите за времетраење од 1 месец, им обезбеди Inter Rail карта, за неограничено патување со воз, бесплатна Шенген виза издадена од Германската амбасада, осигурување од Сава Табак, ISIC картичка од Аурора Турс и дел од потребните средства на платежна картичка од НЛБ Тутунска банка. Сите информации за проектот и слики од патувањето достапни се на www.patvoevropa.org.mk, страница која бесплатно е хостирана од ОН нет.

Categories: 2009

Ориентациона сесија

No Comments

 На церемонијата организирана во чест на студентите кои оваа година ќе бидат дел од проектот Пат во Европа, тие ги подигна бесплатните едномесечни визи. На своето ново патешествие, ќе ги запознаат европските земји и нивните демократски вредности, народите и културите, но и ќе раскажат за својата земја и ќе ги поканат европските граѓани да ја посетат Македонија. Студентите се избрани на јавен конкурс, селектирани според просечната оценка во текот на студирањето, редовност во студирањето и познавање на странски јазици. Од реализаторот на проектот, Граѓанската асоцијација МОСТ, со помош на донаторите и спонзорите, обезбедени се Inter Rail карта, за неограничено патување со воз, бесплатна Шенген виза, осигурување, студентска картичка и дел од средствата кои ќе им бидат потребни, на платежна картичка.
Соопштение за медиуми (PDF) 

 

Categories: 2009

Интервјуа

No Comments

Денес, 03.07.2009 заврши процесот на интервјуирање со финалните кандидати. Конечната листа со оние студенти кои ќе имаат можност да патуваат еден месец низ Европа ќе биде објавена во Вторник.

 

Categories: 2009