Category: Претходни години

Патуваме во Европа низ годините

No Comments

Патуваме во Европа 2015

Ранецот на грб,брошури во рака, пат во Европа си фатив без никаква мака.

Пасош,пари,интереил карта и фото-апарат на мојот врат.

Се е спремно, комбето чека, ранциете на грб не се мали,

ама нешто Теа,Гоце се туфка некој од групата ни фали.

Список се врти,име по име се чита Васка, Горан, Елена, Еми,Александра,

Маја,Верче,Михаил, Ана и Билјана се тука,

кој фали кого нема, Борче не стави на голема мука.

Целиот есеј од 2015 година може да го прочитате ТУКА.

Патуваме во Европа 2014

24 денови, 18 градови, девет држави, неколку нови, искрени пријателства и една огромна, незаборавна авантура. Август 2014-та ќе биде дефинитивно сегмент од животот кој засекогаш ќе остане длабоко врежан во моите сеќавања.

Целиот есеј од 2014 година може да го прочитате ТУКА.

Патуваме во Европа 2013

Размислувам како да соберам три недели во илјада зборови. Како да ги средам впечатоците и да поделам едно патување во кое деновите и ноќите не беа разграничени? Како на кратко да прераскажам нешто што се чинеше толку долго? Како да се опише искуство кое во мојата глава ги надминува простите закони за единство на време, место и идеја? Па, можам да се обидам навраќајки се на самиот почеток и да продолжам со сумирање на нашето интереил искуство, или поточно на она што се случуваше помеѓу патувањата со воз.

Целиот есеј од 2013 година може да го прочитате ТУКА.

Патуваме во Европа 2012

Водена од мислата дека ’’Животот е книга, а оној кој не патува прочитал само една страница’’, силно верувајќи во моите потенцијали и голема самодоверба аплицирав за проектот Пат во Европа.  Целиот концепт и понудените услови беа совршено склопени за еден студент да може да побегне од секојдневието, да го доживее големиот Европски сон а истовремено и да ја доближи нашата Македонија до Европските очи. Чувствата кои произлегоа од посетувањето на многубројните места и знаменитости во европските земји, авантурите,  новите луѓе,  контактот со нови култури, не можат да се доловат и опишат со зборови – мора да се доживеат.

Целиот есеј од 2012 година може да го прочитате ТУКА.

Патуваме во Европа 2011

Република Македонија бележи дваесет лета самостоен и независен растеж. Растам и јас со неа, го бележам секој подвиг на нашиот бит, ја вложувам сета своја енергијата во заедничка подобра утрешнина. Оваа година имав среќа да се најдам на другата страна од видикот – очите ми беа вперени кон Европа. Не ми требаше многу време да се уверам во вистината што ме чекаше, зашто за сето ова време, безброј пати се имав прашувано себеси дали некогаш ќе ѝ погледнам в очи на Старата дама. Шансата што се отвори пред мене му даде, сосем спонтано, нова димензија на моето лето – ќе се патува низ Европа!

 

Целиот есеј од 2011 година може да го прочитате ТУКА.

Патуваме во Европа 2010

Беше премногу добро за да биде вистинито. И по едно милион конкурси каде што „нажалост мора да ве информираме дека не сте меѓу одбраните кандидати“ веќе ти е јасно дека што е подобар конкурсот тоа шансите да бидеш примен без врски се се помали.

 

Целиот есеј од 2010 година може да го прочитате ТУКА.

Патуваме во Европа 2009

Убавите нешта тешко се опишуваат. Како да објаснам дека луѓето во Европа се културни? Дека никој не се турка и сите се стрпливи и воспитани? Дека ништо и никој не доцни? Дека не се топли, но се љубезни? Дека никој не води сметка за туѓите животи, бидејќи секој се грижи за својот?…

Целиот есеј од 2009 година може да го прочитате ТУКА.

Ја запознаваа Европа и ја промовираа Македонија

No Comments

Warning: imagecreatetruecolor() [
function.imagecreatetruecolor]: Invalid image dimensions in /home/content/64/4351964/html/patvoevropa.org.mk/wp-content/plugins/nextgen-gallery/lib/gd.thumbnail.inc.php on line 555

Warning: imagecopyresampled() expects parameter 1 to be resource, boolean given in /home/content/64/4351964/html/patvoevropa.org.mk/wp-content/plugins/nextgen-gallery/lib/gd.thumbnail.inc.php on line 940
sl734902

Бесценето е тоа што го видов, научив, бесценети се новите пријателства, вака раскажува еден од студентите, кои ја имаа можноста еден месец да се чувствуваат како вистински европејци.

11 студенти, избрани на конкурс, во организација на Граѓанската Асоцијација МОСТ, патуваа низ Европа.

Преку проектот „Патуваме во Европа“, ги запознаа навиките и културите на европските народи. Но ова, беше убава можност и да ја промовираат Македонија, онака спонтано, како што само младите знаат.

Секој студент дистрибуираше брошури во кои беа претставени знаменитостите и убавините на Македонија.

„Доколку го запознаеш опкружувањето, ќе можеш да го споредуваш. Афирмираш и надградуваш сопствениот аспект на светот“, вели Јован Битољану, еден од студентите.

Ова беше седма година како студентите придонесуваат за позитивна афирмација на земјата.
Синоќа на прекрасно и спонтано дружење во Старата чаршија беше промовиран видео-спот и изложба на фотографии, како спомен за едно бесценето искуство, но и повик најдобрите студенти и следната година да се пријават на конкурсот.

Categories: 2013

ДОПИР СО ПОИНАКВОСТА за 11 македонски студенти

No Comments

23.09.2013, Скопје

Во организација на Граѓанска асоцијација МОСТ, 11 студенти избрани по пат на јавен конкурс, ова лето добија уникатната можност еден месец да се чувствуваат како вистински Европејци.

Преку проектот Патуваме во Европа, претставници на најдобрите студенти од Македонија еден месец патуваа низ Европа и се запознаваа со навиките и културите на Европските народи, истовремено промовирајќи ја Македонија.

За Јован Битољану, еден од студентите кој беа дел од проектот, комуникацијата е од суштинско значење. Тој смета дека само доколку го запознаеш опкружувањето ќе можеш да го споредуваш, промовираш, афирмираш и надградуваш сопствениот аспект на светот. За него потребата од комуникација со европското опкружување успешно била иницирана и спроведена токму преку проектот „Патуваме во Европа“. За крај во својот есеј за проектот Јован ќе напише: „Длабоко верувам дека овој проект ќе придонесе кон градење и зајакнување на врските на младите со европското општество.“

Сите 11 македонски студенти пристигнаа во Берлин, каде три дена се дружеа со околу 200 студенти од целиот регион, кои исто така беа дел од проектот. Од тука секој тргна по својот пат. Холандија, Франција, Италија, Шпанија, Чешка, Словачка, Австрија, …   Секој имаше можност сам да избере што сака да види и каде сака да ја промовира сопствената земја.

Сеќавајќи се на патувањето Анита Михајлова изјави: „Од искуството до сега знам дека најдобрите спомени се од моите патувања. И знам дека оние најдобрите се оние кои малку ме плашат.  Патувањата кои после одредено време случувањата во животот ги сведуваат на “пред“ и “потоа“, тие стационарни мигови од животот кои мамат насмевки, мислам на оние вистинските, кои најпрво се јавуваат во очите пред да ја зафатат целата физиономија на лицето….Малку време ми требаше да сфатам дека ова беше едно такво патување.“

Дополнителна вредност  на проектот е што истиот допринесе за позитивно претставување на Македонија на обичните граѓани на ЕУ. Секој студент дистрибуираше брошури во кои беа претставени значајни знаменитости од Македонија. Ова е седма година по ред како студентите на овој начин придонесуваат за позитивна афирмација на земјата.

Со помош на донаторите и спонзорите на проектот, МОСТ на студентите за времетраење од 1 месец, им обезбеди Inter Rail карта, за неограничено патување со воз, патничко осигурување и ISIC картичка донирана од Аурора Турс. Дел од потребните средства за патување на платежна картичка ги донираше НЛБ Тутунска банка, а  пак промотивните брошури ги обезбеди Националната агенција за развој и поддршка на туризмот.

Categories: 2013

Патуваме во Европа

No Comments

Ова лето, 12 студенти од Македонија ќе добијат 3 дена во Берлин, интер-раил карта за патување со воз до сите дестинации во ЕУ и џепарлак за да поминат незаборавни 30 дена запознавајќи било која земја и било кој град во Европа. Сакаш ли да ја видиш Бранденбуршката капија? Ајфеловата кула? Римскиот колесеум или музеите во Амстердам? Дали имаш дупка од месец дена во твојот “набиен“ студентски распоред? Дали сакаш на младите Европјани кои ќе ги сретнеш во воз, хостел, музеј или клуб лично да им го препорачаш местото од каде што доаѓаш, знеменитостите крај кои си израснал, храната што си ја јадел и виното што си го пиел носејќи им брошури од Македонија?

 

 

Услови кои треба да ги исполнуваш:
– апсолвент или последна година�
од студии на сите Универзитети�
– просек над 8,50
– желба за патување
Ние обезбедуваме:
– Interrail карта за 30 дена
– 3 дена во Берлин
– осигурување
– платежна картичка

 

Categories: 2011

Коктел 2010

No Comments
7317824.jpg

Претставници од најдобрите студенти од Универзитетите во Македонија го започнаа својот Пат во Европа. На церемонијата организирана во нивна чест тие ги подигнаа своите Inter Rail карти, за неограничено патување со воз, бесплатните едномесечни визи, за оние кои сеуште немаа биометриски пасош, како и осигурувањата, студентските и платежните картички .
На своето ново патешествие, студентите ќе ги запознаат европските земји и нивните демократски вредности, народите и културите, но и ќе раскажат за својата земја и ќе ги поканат европските граѓани да ја посетат Македонија. Студентите се избрани на јавен конкурс, селектирани според просечната оценка во текот на студирањето, редовност во студирањето и познавање на странски јазици.

Соопштение за медиуми (PDF)

Categories: 2010