Author: admin

За студентите кои ќе патуваат

No Comments
    1. Во недела, 15.07.2007 во 9.30 часот заминуваме за Виена. Автобусот ќе биде паркиран пред хотел Бристол на ул. Македонија во Скопје. За оние на кои не им беше јасно минатиот пат: точното време при закажување на средби служи за сечие добро. Но, овој пат, нема да можеме да чекаме на вас и автобусот ќе замине за Виена на време. Значи, без каснење!!!!

 

    1. Како што неколку пати ве изненадивме и го променивме планот (Берлин – Виена, 15 јули – 16 јули), така и овој пат ви подготвивме едно изненадување. Имено, нема да треба да присуствуваме на приемот организиран од страна на австриското министерство за надворешни. Ама затоа, правиме напори да бидеме примени од македонската амбасадорка во Виена… Чисто да имаме што да правиме на 16ти :)) Во Белград се ќе биде според планот. Ќе присуствуваме на испраќањето на српските и црногорските студенти пред републичкото собрание на кое ќе биде присутен и претседателот Тадиќ.

 

  1. Ќе спиеме во хотел Академиа во Виена. Можете да го googl-ате ако сакате. Да најдете како да стигнете до центарот на градот и слично… Бидејќи се работи за хотел од ниска категорија, би ви препорачал да си земете пешкири и папучи (претпоставувам на ова помисливте кога размислувавте што да понесете за спиење во хостели).
Categories: 2007

Студентите ќе патуваат во Европа

No Comments

Студентите кои ќе бидат дел од тимот кој еден месец ќе патува низ Европа денеска ги подигнаа своите визи. За помалку од една седмица тие ќе го започнат своето патување, запознавајќи ги земјите и нивните демократски вредности, народите и културите. Студентите се избрани на јавен конкурс, селектирани според просечната оценка во текот на студирањето.
Соопштение за медиуми…

 

Прес центар

No Comments

Соопштение за медиуми
30.06.2008, Скопје

20 СТУДЕНТИ ЌЕ ТРГНАТ НА ПАТ НИЗ ЕВРОПА
Уште 4 дена до затворање за примање на апликациите

Студентите кои сакаат да бидат дел од тимот кој еден месец ќе патува низ Европа имаат уште 4 дена да ги поднесат апликациите. Сите студенти во завршна година од студирање или апсолвенти, со просечна оценка во текот на студирањето поголема од 8,5 имаат можност ова лето да влезат во ЕУ.

Од реализаторот на проектот, Граѓанската асоцијација МОСТ, со помош на донаторите и спонзорите, обезбедени се Inter Rail карта, за неограничено патување со воз, бесплатна Шенген виза, осигурување и дел од средствата кои ќе им бидат потребни, на платежна картичка. Уште повеќе, за сите студенти кои ќе патуваат, донаторот Robert Bosch Stiftung организира дводневен фестивал во Берлин, на 20 и 21 јули, после кој секој студен самостојно ќе го продолжи патешествието.

Конкурсот за пријавување на студенти ќе биде отворен до 04 јули, а патувањето ќе започне на 18 јули. Аплицирањето е по обична пошта, на адресата на МОСТ, а формуларите и сите информации за проектот се достапни на интернет страната на проектот www.patvoevropa.org.mk.

Целта на овој проект е 20 студенти од Македонија, преку патување и посети, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури во другите земји, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја промовираат и Македонија.

Ова е регионален проект во рамките на кој студенти од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија, ќе можат да патуваат и да се запознаат со функционирањето на системите во другите држави, а во исто време и да ги претстават сопствените земји.

Линкови

Net Press

 

НВО Инфоцентар

Он Нет

Коалиција на младински организации – СЕГА

Портал – Југо-Источна Европа

Прв студентски портал – studenti.com.mk

Портал – Каде Вечер

Портал – Кајгана

Портал – Таратур

Портал – Te.com.mk

Факултет за електротехника и информациски технологии

Медицински Факултет Скопје

Зевзекманија

За проектот

1 Comment

ПАТУВАМЕ ВО ЕВРОПА 

Сегашната генерација на млади Европејци е прва која има израснато во безгранична и мирна Европа. Ова е Европа во која тие можат да се движат послободно, да работат и учат многу полесно од порано, која е многу поразлична од онаа во која израснаа нивните дедовци и баби.

За жал иако младите од Македонија се дел од таа генерација, во практика реалноста е многу по различна. Постои очигледна неможност на нашата млада генерација од прва рака да се запознае со фактите и искуствата на Европа. Најголем дел од младите луѓе, студенти на универзитетите во Македонија, кои што треба да бидат носители на развојот на земјата во наредните години, па и декади; заради настаните во последните години, визите како и финансиската состојба, никогаш ја немаат напуштено земјава.

Слободно може да се заклучи дека младите луѓе се изморени од слушање за Европа, до истиот степен до кој што се желни за директен контакт и специфични искуства од истата таа Европа. Директната средба со Европа е единствениот начин за здобивање на вредни сознанија за општественото опкружување.

Мисијата на проектот е 12 студенти од Македонија, преку патување, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури на земјите од Европа, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја  промовираат и Македонија во Европа.

МОСТ, донаторите и спонзорите на проектот ќе се погрижат секој од овие студенти за 1 месец да се почувствува како европски турист. Студентите ќе добијат бесплатна интер – раил карта за воз во времетраење 22 дена, здравствено осигурување, ISIC картичка, учество на специјалното отворање на програмата во Берлин и мал џепарлак; а со себе ќе понесат брошури за Македонија кои ќе треба да ги поделат на младите луѓе кои ќе ги сретнат на ова патување.

По враќањето, студентите ќе бидат задолжени за напишат краток извештај за својот пат и да направат фото презентација од местата што ги посетиле.

„Патуваме во Европа” последните шест години е регионален проект, кој освен во Македонија се реализира и во останатите земји од Западен Балкан, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, како и Косово. МОСТ настојува проектот да го спроведува секое лето, притоа проширувајќи ја бројката на учесниците. Досега повеќе од 120 студенти од Македонија биле дел од овој проект.

Categories: 2007