Author: admin

Распоред на интервјуа

No Comments

Ова лето, 12 студенти од Македонија ќе добијат 3 дена во Берлин, интер-раил карта за патување со воз до сите дестинации во ЕУ и џепарлак за да поминат незаборавни 30 дена запознавајќи било која земја и било кој град во Европа. Сакаш ли да ја видиш Бранденбуршката капија? Ајфеловата кула? Римскиот колесеум или музеите во Амстердам? Дали имаш дупка од месец дена во твојот “набиен“ студентски распоред? Дали сакаш на младите Европјани кои ќе ги сретнеш во воз, хостел, музеј или клуб лично да им го препорачаш местото од каде што доаѓаш, знеменитостите крај кои си израснал, храната што си ја јадел и виното што си го пиел носејќи им брошури од Македонија?

 

Датум на одржување 04.07.201

 Група 1 – 11:30                                                             Група 2 – 12:00                                                   

Младен Јонески                                                                 Ивона Митровска

Мартин Ангеловски                                                           Надире Латифи

Александра Митровска                                                     Горјан Анастасов

Симона Самарџиева                                                         Димитри Лазаревски

 

Група 3 – 12:30                                                              Група 4 – 13:30

Филип Каниковски                                                         Елена Мирчевска

Надица Биџовска                                                           Ардијана Мустафа

Катерина Јакимовска                                                     Кире Трајков

Катја Посохин                                                               Адријана Андреевска

 

Група 5 – 14:00                                                            Група 6 – 14:30

Диме Галев                                                                    Игор Манчев

Ивица Пешовски                                                           Анамариа Папестиева

Ангела Крстеска                                                           Ивана Мојсовска

Кристина Мерџановска                                                Андреј Василевски

Тијана Мишевска

Categories: 2014

Медиуми

No Comments
Categories: Прес центар

Критериуми за избор на кандидатите

No Comments

 

Основни критериуми, вклучени во формата за апликација, а врз основа на кои жирито треба да ја донесе својата одлука и да ја направи селекцијата се следните:
1. Кандидати кои можат да патуваат во рамките на проектот се студенти на универзитетите во Македонија и се во завршната година на студирање, апсолвенти или студенти во првата година од постдипломските студии (ако студираат по системот 3+2).  (кандидатите ќе приложат соодветна оригинална потврда од факултетот на кој што студираат, со која што ќе го потврдат својот статус)

 2. Да се помлади од 26 години, да се државјани на Р. Македонија и да поседуваат биометриска патна исправа.

3. Достигнувања на студентите:

А. Просечна оценка за време на студирањето поголема од 8,0 (кандидатите ќе достават оригинална потврда за положени испити и за средна оценка, издадена од факултетот)

Б. Година на студирање (кандидатите ќе достават потврда од факултетот и индекс за годината на која се запишани на студии)

4. Познавање на јазици- Англиски, Германски, Француски, Италијански (кандидатите ќе имаат можност да го докажат своето познавање на јазици)

Приоритет ќе имаат оние студенти кои никогаш не патувале во странство.

Ќе бидат направени две листи со вкупно 30 студенти – студенти кои студираат природни и технички науки (15) и студенти кои студираат општествени науки и уметност (15).

Categories: 2016

Контакт

No Comments


View Larger Map

ул. Ванчо Мицков 18б,
1000 Скопје, Македонија

тел: +389 2 3099 384
факс: +389 2 3086 430

Бесплатна телефонска линија

080 080 080
e-mail:        tea@most.org.mk

Categories: Uncategorized

За патувањето

No Comments

Интер – раил карта

Овој возен билет е наменет токму за млади луѓе како тебе кои сакаат за 22 дена да посетат што повеќе места, а притоа да заштедат што повеќе пари. Со овој билет можеш да влезеш и слободно да се возиш во втора класа во било кој воз во Европа, колку сакаш и колку често сакаш. Да, тоа значи дека можеш да посетуваш различен град секој ден!

Ограничувања – Билетот кој ќе го добиете има важност од 22 дена. Не може да биде префрлен на некој друг, зашто гласи на ваше име.

Покрај ова, со Интер – раил картата не можете да патувате во Македонија – затоа испланирајте си некои ситни пари за да ве вратат од Табановце до дома. Многу е битно да запамтите дека картата е не заменлива, Тоа значи дека доколку ја загубите, нема да ви биде издадена нова и ќе морате да си го платите секое наредно возење вклучувајќи го и она за дома. Затоа – ВНИМАВАЈТЕ!

Конечно, овој билет со себе носи многу бенефиции како попусти за автобуски и бродски превоз и посета на културни институции. Видете во линковите за повеќе информации каде можете да добиете попуст со Интер – раил.

Корисни линкови:

За Интер – раил: http://en.wikipedia.org/wiki/Interrail

Официјална страна на Интер-раил и информации за попусти со Интер–раил: http://www.interrailnet.com/2_extra_pass_benefits.html

 Возови/останат превоз

Веројатно сите од вас досега се возеле во воз или знаат што можат да очекуваат. Но, она што ги прави европските возови различни од македонските е нивната редовност и доследност. Европјаните често се служат со ова превозно средство и возовите често можат да бидат преполнети.

Затоа, пофреквентните возови користат резервации и патниците мораат да си го резервираат своето место за да не останат без превоз. Ова се најчесто возовите кои сообраќаат помеѓу големите градови или ноќните возови.

Затоа, најпаментно би било веднаш при пристигањето на железничката станица да направите резервација за следното ваше патување. Овие резервации не се секогаш бесплатни и чинат од 1 до 30 евра. Најдоброто во ова е што за овие пари вие можете да добиете и превоз и сместување. Ноќните возови на долги релации (Мадрид – Париз или Берлин – Париз) можат да ви заштедат пари за хостел нудејќи ви „удобно“ седиште за ноќта.

Најдобро е ако можете на некоја од големите железнички станици да земете возен ред и железничка мапа на Европа. Ако не можете да најдете, слободно превземете ги од линковите подолу.

Во случај да се задржувате во некој град на само неколку саати, или пак немате однапред организирано сместување, можете да ги користите гардеробите на железничките станици кои се безбедни и чисти, а ќе ве чинат само пар евра по торба.

Со Интер – Раил можете да добиете и одлични цени за користење на траекти низ континентот, но за разлика од возовите, овој превоз нема да биде бесплатен. Цената зависи од должината на патувањето, но и од сезоната кога патувате.

За жал, со Интер – Раил картата не добивате никакви поволности за патување со авион. Сепак, во Европа функционираат многу нискобуџетни авионски компании кои за 10 пати пониска цена би можеле да ве одведат некаде. Внимавајте – овие карти се тешки да се најдат неколку дена пред летот, се продаваат исклучиво во еден правец и се користат споредни аеродроми!

Корисни линкови:

Европски возен ред: www.sbb.ch/enwww.raileurope.comwww.bahn.de

Попусти за Интер – раил корисници за автобуски превоз: www.interrailnet.com/2_extra_pass_benefits.html

Суперфаст траекти: www.interrailnet.com/2_extra_pass_benefits.htmlwww.superfast.com

Евтини авионски билети: www.skyscanner.comwww.cheap0.comwww.flybudget.com

 Студентски картички

Студентските картици се направени за да им помогнат на студентите на глобално ниво да ги добиваат истите попусти без разлика на земјите од кои доаѓаат. Најчесто овие попусти се однесуваат на посета на културни институции и настани (концерти, музеи, галерии, фестивали, кина, театри) и можат да бидат во висина до 100%! Но, можат да послужат и при сместување, храна, превоз, па и шопинг. На веб сајтовите (види подолу) на двете најпопуларни студентски картички можете да добиете цели листи на институции и дуќани од кои можете да добиете попуст во земјите кои ќе ги посетите.

Овие картички се прилично евтини и брзо се добиваат, па искрено препорачуваме да си ги набавите за да ви олеснат и поевтинат патувањето. www.euro26.org
www.isic.org

Градови кои ги препорачуваме
Дипломатски претставништва на РМ во Европа

Categories: Uncategorized

За изборот

No Comments

Фази во конкурсот

Апликација

Конкурсот е отворен од 01ви Јуни, а ќе се затвори на 25ти Јуни. Во тој период, сите заинтересирани ќе можат да ја подигнат апликацијата

Заради фер третман на сите апликанти и придржување до распоредот за избор, МОСТ нема да прифаќа задоцнети апликации. Инструкциите за пополнување на апликацијата, како и потребните пропратни документи, можете да ги најдете на првата страна од формуларот за аплицирање.

Обработка на апликациите

Според однапред одреден систем, МОСТ ќе направи бодување на апликациите. Како што е наведено во конкурсот, ќе се ценат успехот, редовноста на студиите, можноста за патувања, познавањето јазици и др.

Нецелосните апликации нема да бидат бодувани!

Откако ќе се бодуваат, апликациите ќе бидат рангирани во листа од 30 најдобри. Овие 30 студенти ќе бидат поканети на интервју.

Интервју

Интервјуерите ќе имаат задача да ги оценат познавањето на наведените странски јазици, како и да дискутираат со кандидатите на нивните одговори во апликацијата.

Конечна одлука

Конечната листа на успешни апликанти ќе биде составена по интервјуто по кратка дискусија на интервјуерите. При пласманот на првите 12 кандидати ќе бидат земени предвид нивните претходни бодувања, како и впечатокот на интервјуерите.

Листата на успешните апликанти ќе биде веднаш објавена на веб сајтот на проектот, а тие ќе бидат и телефонски контактирани.

Останатите 12 кандидати кои ќе испаднат по интервјуто, исто така ќе бидат рангирани и повикани при евентуално откажување на некој од првите 12-мина.

По изборот

Посреднички договор

Сите избрани студенти ќе потпишат договор со кој се регулираат обврските на двете страни од договорот (МОСТ и студентот кој ќе ни се придружи на патот).

Интер-раил карти и џепарлак

Секој учесник во проектот ќе добие Интер-раил карта со важност од 22 дена и мал џепарлак.

Претставување на земјата

Секој од учесниците на проектот ќе биде задолжен да понесе со себе брошури од Македонија (обезбедени од МОСТ) и да ги раздава на луѓето кои ќе ги сретнува на својот пат низ Европа. Покрај тоа, учесниците ќе бидат задолжени да ги споделат своите фотографии и останати спомени од патувањето со јавноста при враќањето од патот.

Categories: Почетна

Патуваме во Европа 2014

No Comments

Ова лето, 12 студенти од Македонија ќе добијат 3 дена во Берлин, интер-раил карта за патување со воз до сите дестинации во ЕУ и џепарлак за да поминат незаборавни 30 дена запознавајќи било која земја и било кој град во Европа. Сакаш ли да ја видиш Бранденбуршката капија? Ајфеловата кула? Римскиот колесеум или музеите во Амстердам? Дали имаш дупка од месец дена во твојот “набиен“ студентски распоред? Дали сакаш на младите Европјани кои ќе ги сретнеш во воз, хостел, музеј или клуб лично да им го препорачаш местото од каде што доаѓаш, знеменитостите крај кои си израснал, храната што си ја јадел и виното што си го пиел носејќи им брошури од Македонија

Услови кои треба да ги исполнуваш:
– апсолвент или последна година од студии на сите Универзитети
– просек над 8,00
– желба за патување
Ние обезбедуваме:
– Interrail карта за 22 дена
– 3 дена во Берлин
– осигурување
– платежна картичка

 

 

 

 

 

Categories: 2014

Ја запознаваа Европа и ја промовираа Македонија

No Comments

Warning: imagecreatetruecolor() [
function.imagecreatetruecolor]: Invalid image dimensions in /home/content/64/4351964/html/patvoevropa.org.mk/wp-content/plugins/nextgen-gallery/lib/gd.thumbnail.inc.php on line 555

Warning: imagecopyresampled() expects parameter 1 to be resource, boolean given in /home/content/64/4351964/html/patvoevropa.org.mk/wp-content/plugins/nextgen-gallery/lib/gd.thumbnail.inc.php on line 940
sl734902

Бесценето е тоа што го видов, научив, бесценети се новите пријателства, вака раскажува еден од студентите, кои ја имаа можноста еден месец да се чувствуваат како вистински европејци.

11 студенти, избрани на конкурс, во организација на Граѓанската Асоцијација МОСТ, патуваа низ Европа.

Преку проектот „Патуваме во Европа“, ги запознаа навиките и културите на европските народи. Но ова, беше убава можност и да ја промовираат Македонија, онака спонтано, како што само младите знаат.

Секој студент дистрибуираше брошури во кои беа претставени знаменитостите и убавините на Македонија.

„Доколку го запознаеш опкружувањето, ќе можеш да го споредуваш. Афирмираш и надградуваш сопствениот аспект на светот“, вели Јован Битољану, еден од студентите.

Ова беше седма година како студентите придонесуваат за позитивна афирмација на земјата.
Синоќа на прекрасно и спонтано дружење во Старата чаршија беше промовиран видео-спот и изложба на фотографии, како спомен за едно бесценето искуство, но и повик најдобрите студенти и следната година да се пријават на конкурсот.

Categories: 2013

ДОПИР СО ПОИНАКВОСТА за 11 македонски студенти

No Comments

23.09.2013, Скопје

Во организација на Граѓанска асоцијација МОСТ, 11 студенти избрани по пат на јавен конкурс, ова лето добија уникатната можност еден месец да се чувствуваат како вистински Европејци.

Преку проектот Патуваме во Европа, претставници на најдобрите студенти од Македонија еден месец патуваа низ Европа и се запознаваа со навиките и културите на Европските народи, истовремено промовирајќи ја Македонија.

За Јован Битољану, еден од студентите кој беа дел од проектот, комуникацијата е од суштинско значење. Тој смета дека само доколку го запознаеш опкружувањето ќе можеш да го споредуваш, промовираш, афирмираш и надградуваш сопствениот аспект на светот. За него потребата од комуникација со европското опкружување успешно била иницирана и спроведена токму преку проектот „Патуваме во Европа“. За крај во својот есеј за проектот Јован ќе напише: „Длабоко верувам дека овој проект ќе придонесе кон градење и зајакнување на врските на младите со европското општество.“

Сите 11 македонски студенти пристигнаа во Берлин, каде три дена се дружеа со околу 200 студенти од целиот регион, кои исто така беа дел од проектот. Од тука секој тргна по својот пат. Холандија, Франција, Италија, Шпанија, Чешка, Словачка, Австрија, …   Секој имаше можност сам да избере што сака да види и каде сака да ја промовира сопствената земја.

Сеќавајќи се на патувањето Анита Михајлова изјави: „Од искуството до сега знам дека најдобрите спомени се од моите патувања. И знам дека оние најдобрите се оние кои малку ме плашат.  Патувањата кои после одредено време случувањата во животот ги сведуваат на “пред“ и “потоа“, тие стационарни мигови од животот кои мамат насмевки, мислам на оние вистинските, кои најпрво се јавуваат во очите пред да ја зафатат целата физиономија на лицето….Малку време ми требаше да сфатам дека ова беше едно такво патување.“

Дополнителна вредност  на проектот е што истиот допринесе за позитивно претставување на Македонија на обичните граѓани на ЕУ. Секој студент дистрибуираше брошури во кои беа претставени значајни знаменитости од Македонија. Ова е седма година по ред како студентите на овој начин придонесуваат за позитивна афирмација на земјата.

Со помош на донаторите и спонзорите на проектот, МОСТ на студентите за времетраење од 1 месец, им обезбеди Inter Rail карта, за неограничено патување со воз, патничко осигурување и ISIC картичка донирана од Аурора Турс. Дел од потребните средства за патување на платежна картичка ги донираше НЛБ Тутунска банка, а  пак промотивните брошури ги обезбеди Националната агенција за развој и поддршка на туризмот.

Categories: 2013