Author: admin

Ќе ја истражат Европа и ќе ја промовираат Македонија

No Comments
DSC_0036

И ова лето преку проектот „Патуваме во Европа“, во организација на Граѓанската асоцијација МОСТ, 12 студенти од Македонија добија уникатна можност еден месец да ја истражуваат Европа и да ја промовираат својата земја.

На своето ново патешествие студентите ќе ги  запознаат европските земји и нивните демократски вредности, народите и културите, но и ќе раскажат за својата земја и ќе ги поканат европските граѓани да ја посетат Македонија. Студентите се избрани на јавен конкурс, селектирани според просечната оценка во текот на студирањето, редовност во студирањето и познавањето на странски јазици. Тие своето патување ќе го започнат во Берлин, каде 3 дена ќе имаат можност да се дружат со своите врсници во регионот.

На информативната средба,  која се одржа денес, „Среќен пат“ им посакаа реализаторот на проектот Граѓанската асоцијација МОСТ, како и донаторите Тутунска Банка. Студентите искрено се заблагодарија за укажаната шанса и ветија дека ќе ја искористат на најдобар можен начин. Дополнително, за студентите беше организирана и дружба со студентите од минатите години за размена на совети и искуства.DSC_0004

Александа Алексовска е студентка која оваа година е дел од 12те студенти и која своето патување низ Европа ќе го искористи да истражува на тема: Индустриски дизајн како алатка за одржлив урбан развој во градовите. Со ова истражување таа сака да изврши мапирање и детална презентација на можностите кои нејзиниот град Велес, би можел да ги има во понатамошен развој на градот.

За разлика од неа, претприемачкиот дух на Антонио Димоски е една од причините за пријавувањето на конкурсот. Учеството во проектот „Патуваме во Европа“ за Антонио е одлична можност да ја доразвие својата бизнис идеа која се базира на анализа на македонските универзитети и училишта и да побара дополнитена финансиска поддршка за истата.

Марија Ангеловска, пак е студент кој одлично говори 3 јазици и која своето патување сака да го искористи за да ги истражи социокултурните аспекти на јазикот, како и да се фокусира на тоа како во различни земји јазикот влијае на однесувањето на луѓето.

Граѓанската асоцијација МОСТ, со помош на донаторите и спонзорите, на студентите им обезбедува Inter Rail карта, за неограничено патување со воз за 22 дена, патничко осигурување, студентска картичка од Аурора Турс и дел од средствата кои ќе им бидат потребни, на платежна картичка се обезбедени од страна на Тутунска Банка. На студентите исто така им беа доделени и бесплатни брошури за промоција на Македонија, донирани од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Целта на Патуваме во Европа е студенти од Македонија, преку патување и посети, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури во другите земји, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја промовираат и Македонија. Ова е десета генерација на студенти кои ја имаат оваа уникатна можност за патување низ Европа. Изминатите години повеќе од 120 македонски студенти беа дел од проектот.

Патуваме во Европа е регионален проект во рамките на кој студенти од Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Албанија,  ќе можат да патуваат  и да се запознаат со функционирањето на системите во другите држави, а во исто време и да ги претстават сопствените земји.

Донатор на проектот е Фондацијата Роберт Бош од Германија, преку Балканскиот фонд за демократија од Белград.

Categories: 2017

Повик за пријавување 2017

No Comments

За проектот

Граѓанската асоцијација МОСТ, со поддршка на Фондацијата Роберт Бош и Балканскиот Фонд за Демократија, јубилејна десетта година по ред ќе го спроведат проектот „Патуваме во Европа“. „Патуваме во Европа” е регионален проект, кој освен во Македонија се реализира и во останатите земји од Западен Балкан, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, како и Косово. МОСТ настојува проектот да го спроведува секое лето, притоа проширувајќи ја бројката на учесниците. Досега повеќе од 200 студенти од Македонија биле дел од овој проект.

Мисијата на проектот е 12 студенти од Македонија, преку патување, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури на земјите од Европа, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја  промовираат и Македонија во Европа.

Конкурс

Целта на проектот е да им овозможи на 12 најдобри студенти од Македонија да го поминат летото како поголемиот дел од своите врсници од Европа, патувајќи слободно запознавајќи ги европските градови и народи.

Победниците (избраните студенти) на конкурсот добиваат стипендија која се состои од:

  • InterRail карта за воз во времетраење 22 дена во вредност од 385 евра
  • патничко осигурување
  • ISIC студентска картичка
  • превоз до Берлин
  • учество на специјалното отворање на програмата во Берлин, 24-27.07.2017 година (сместување и оброк во Берлин, средби со останатите студенти од Балканот, забава, разгледување на градот)
  • мал џепарлак, во износ не помал од 120 евра
  • ориентациона сесија во Скопје пред патувањето

Основни критериуми за учество

  • Кандидати кои можат да се пријават за учество на проектот, се студенти на универзитетите во Македонија и се во завршната година на студирање (апсолвенти) или студенти во првата година од постдипломските студии (кандидатите ќе приложат соодветна оригинална потврда од факултетот на кој што студираат, со која што ќе го потврдат својот статус)
  •  Да се помлади од 26 години, да се државјани на Р. Македонија и да поседуваат биометриска патна исправа.
  • Достигнувања на студентите:

А. Просечна оценка за време на студирањето поголема од 8,0 (кандидатите ќе достават оригинална потврда за положени испити и за средна оценка, издадена од факултетот)

Б. Година на студирање (кандидатите ќе достават потврда од факултетот и индекс за годината на која се запишани на студии)

  • Познавање на јазици- Англиски, Германски, Француски, Италијански (кандидатите ќе имаат можност да го покажат своето познавање на јазици)
  • Мотивираност за учество во програмата и нејзина промоција – Студентите ќе треба да изберат одредена тема која ќе ја следат или истражуваат додека патуваат. Темите може да бидат најразлични и може да се во согласност со нивните интереси поврзани со нивните идни професии. На крајот на патувањето, ќе се очекува од избраните студенти да напишат краток есеј на темата. Темите можат да варираат од архитектура, уметност, музика, улична уметност, урбаниот развој, транспортен систем, можностите и можности за образование, важноста на мобилност, животната средина и климатските промени, социјално претприемништво, граѓански ангажман, политички системи, развој на заедницата, разновидност и вклучување, можности за вработување, човекови права и социјални промени, управување со иновации, итн.

Приоритет ќе имаат оние студенти кои никогаш не патувале во странство.

Начин на пријавување

За пријавување потребно е да се поднесат неколку документи:

  • Апликација за пријавување – апликацијата се пополнува електронски, а истата може да се превземе од интернет страницата www.patvoevropa.org.mk 
  • Потврда за студентски статус (запишана година на студирање)издадена од факултетот/универзитетот
  • Потврда за положени испити со пресметан вкупен просек на оцени издадена од факултетот/универзитетот
  • Копија од Индекс (2-ра и 3-та страна каде се наоѓаат информациите за носителот и неговата слика) и копија од страницата од индексот каде е впишан последниот положен испит.
  • Копија од пасош и лична карта

Сите документи се доставуваат електронски на most@most.org.mk, а истите ќе бидат доставени и во оргинал доколку бидете селектирани за интервју.

Рок за доставување на пријавите: 25 јуни

Интервју

Само финалните кандидати ќе бидат повикани на интервју во Скопје кое ќе се одржи на 03 јули.

Жирито ќе избере листа од 30 кандидати кои ќе бидат поканети на интервју. Оваа листа ќе биде објавена на интернет страната на МОСТ во вид на линк, како и на официјалната интернет страна на проектот. Истата ќе биде споделена и на страницата на Фејсбук наменета а проектот.  

Ориентациона сесија

За избраните 12 студенти ќе биде организирана дополнителна ориентациона сесија на која ќе добијат подетални информации за патувањето, програмата и останати административни прашања.

Заминување

Студентите своето патување ќе го започнат на 24.07.2017 од Скопје. За нив ќе биде организиран превоз до Берлин. InterRail карта за воз ќе важи од 27.07.2017.

Дополнителни финансии и поддршка

Избраните студенти ќе имаат можност до почетокот на патувањето да се побараат и дополнителни индивидуални спонзорства и поддршка. МОСТ ќе издаде потврди за учество во проектот и ќе им овозможи на сите дополнителни спонзори на проектот нивна промоција на интернет и Фејсбук страницата на проектот, како и на сите останати промотивни материјали.

МОСТ за студентите ќе им обезбеди и брошури за промоција на Македонија.

Дополнителни информации

www.patvoevropa.org.mk

www.facebook.com/PatuvameVoEvropa

most@most.org.mk

tea@most.org.mk

Тел: 02 3099-384; 02 3099-385

Categories: 2017, Uncategorized

Бодување

No Comments

По извршените интервјуа, а рангирано според бодовникот, листата на избрани студенти е следната:

За патувањето се избрани првите 12 студенти. Во случај на откажување на некој од првите 12 студенти патува следниот студент од листата.

 

Categories: 2016, Uncategorized

Повик за пријавување 2016

No Comments

 

За проектот

Граѓанската асоцијација МОСТ, со поддршка на Фондацијата Роберт Бош и Балканскиот Фонд за Демократија, деветта година по ред ќе го спроведат проектот „Патуваме во Европа“. „Патуваме во Европа” е регионален проект, кој освен во Македонија се реализира и во останатите земји од Западен Балкан, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, како и Косово. МОСТ настојува проектот да го спроведува секое лето, притоа проширувајќи ја бројката на учесниците. Досега повеќе од 200 студенти од Македонија биле дел од овој проект.

Мисијата на проектот е 12 студенти од Македонија, преку патување, директно да се запознаат со демократските вредности, навики и култури на земјите од Европа, и да ги промовираат и доближат тие вредности во Македонија. Во исто време студентите ќе ја  промовираат и Македонија во Европа.

Конкурс

Целта на проектот е да им овозможи на 12 најдобри студенти од Македонија да го поминат летото како поголемиот дел од своите врсници од Европа, патувајќи слободно запознавајќи ги европските градови и народи.

Победниците (избраните студенти) на конкурсот добиваат стипендија која се состои од:

  • InterRail карта за воз во времетраење 22 дена во вредност од 374 евра
  • патничко осигурување
  • ISIC студентска картичка
  • превоз до Берлин
  • учество на специјалното отворање на програмата во Берлин, 25 -28.07.2016 година (сместување и оброк во Берлин, средби со останатите студенти од Балканот, забава, разгледување на градот)
  • мал џепарлак, во износ не помал од 120 евра
  • ориентациона сесија во Скопје пред патувањето

Основни критериуми за учество

Кандидати кои можат да се пријават за учество на проектот, се студенти на универзитетите во Македонија и се во завршната година на студирање (апсолвенти) или студенти во првата година од постдипломските студии (кандидатите ќе приложат соодветна оригинална потврда од факултетот на кој што студираат, со која што ќе го потврдат својот статус)

 Да се помлади од 26 години, да се државјани на Р. Македонија и да поседуваат биометриска патна исправа.

Достигнувања на студентите:

А. Просечна оценка за време на студирањето поголема од 8,0 (кандидатите ќе достават оригинална потврда за положени испити и за средна оценка, издадена од факултетот)

Б. Година на студирање (кандидатите ќе достават потврда од факултетот и индекс за годината на која се запишани на студии)

Познавање на јазици- Англиски, Германски, Француски, Италијански (кандидатите ќе имаат можност да го покажат своето познавање на јазици)

Мотивираност за учество во програмата и нејзина промоција

Приоритет ќе имаат оние студенти кои никогаш не патувале во странство.

Начин на пријавување

За пријавување потребно е да се поднесат неколку документи:

Апликација за пријавување – апликацијата се пополнува електронски, а истата може да се превземе од 

Потврда за студентски статус (запишана година на студирање)издадена од факултетот/универзитетот

Потврда за положени испити со пресметан вкупен просек на оцени издадена од факултетот/универзитетот

Копија од Индекс (2-ра и 3-та страна каде се наоѓаат информациите за носителот и неговата слика) и копија од страницата од индексот каде е впишан последниот положен испит.

Копија од пасош и лична карта

Сите документи се доставуваат електронски на most@most.org.mk, а истите ќе бидат доставени и во оргинал доколку бидете селектирани за интервју.

Рок за доставување на пријавите: 29 јуни

Интервју

Само финалните кандидати ќе бидат повикани на интервју во Скопје кое ќе се одржи на 30 јуни.

Жирито ќе избере листа од 30 кандидати кои ќе бидат поканети на интервју. Оваа листа ќе биде објавена на интернет страната на МОСТ во вид на линк, како и на официјалната интернет страна на проектот. Истата ќе биде споделена и на страницата на Фејсбук наменета а проектот.

Ориентациона сесија

За избраните 12 студенти ќе биде организирана дополнителна ориентациона сесија на која ќе добијат подетални информации за патувањето, програмата и останати административни прашања.

Заминување

Студентите своето патување ќе го започнат на 25.07.2016 од Скопје. За нив ќе биде организиран превоз до Берлин. InterRail карта за воз ќе важи од 28.07.2016.

Дополнителни финансии и поддршка

Избраните студенти ќе имаат можност до почетокот на патувањето да се побараат и дополнителни индивидуални спонзорства и поддршка. МОСТ ќе издаде потврди за учество во проектот и ќе им овозможи на сите дополнителни спонзори на проектот нивна промоција на интернет и Фејсбук страницата на проектот, како и на сите останати промотивни материјали.

МОСТ за студентите ќе им обезбеди и брошури за промоција на Македонија.

Дополнителни информации

www.patvoevropa.org.mk

www.facebook.com/PatuvameVoEvropa

most@most.org.mk

tea@most.org.mk

Тел: 02 3099-384; 02 3099-385

Categories: 2016

Патуваме во Европа низ годините

No Comments

Патуваме во Европа 2015

Ранецот на грб,брошури во рака, пат во Европа си фатив без никаква мака.

Пасош,пари,интереил карта и фото-апарат на мојот врат.

Се е спремно, комбето чека, ранциете на грб не се мали,

ама нешто Теа,Гоце се туфка некој од групата ни фали.

Список се врти,име по име се чита Васка, Горан, Елена, Еми,Александра,

Маја,Верче,Михаил, Ана и Билјана се тука,

кој фали кого нема, Борче не стави на голема мука.

Целиот есеј од 2015 година може да го прочитате ТУКА.

Патуваме во Европа 2014

24 денови, 18 градови, девет држави, неколку нови, искрени пријателства и една огромна, незаборавна авантура. Август 2014-та ќе биде дефинитивно сегмент од животот кој засекогаш ќе остане длабоко врежан во моите сеќавања.

Целиот есеј од 2014 година може да го прочитате ТУКА.

Патуваме во Европа 2013

Размислувам како да соберам три недели во илјада зборови. Како да ги средам впечатоците и да поделам едно патување во кое деновите и ноќите не беа разграничени? Како на кратко да прераскажам нешто што се чинеше толку долго? Како да се опише искуство кое во мојата глава ги надминува простите закони за единство на време, место и идеја? Па, можам да се обидам навраќајки се на самиот почеток и да продолжам со сумирање на нашето интереил искуство, или поточно на она што се случуваше помеѓу патувањата со воз.

Целиот есеј од 2013 година може да го прочитате ТУКА.

Патуваме во Европа 2012

Водена од мислата дека ’’Животот е книга, а оној кој не патува прочитал само една страница’’, силно верувајќи во моите потенцијали и голема самодоверба аплицирав за проектот Пат во Европа.  Целиот концепт и понудените услови беа совршено склопени за еден студент да може да побегне од секојдневието, да го доживее големиот Европски сон а истовремено и да ја доближи нашата Македонија до Европските очи. Чувствата кои произлегоа од посетувањето на многубројните места и знаменитости во европските земји, авантурите,  новите луѓе,  контактот со нови култури, не можат да се доловат и опишат со зборови – мора да се доживеат.

Целиот есеј од 2012 година може да го прочитате ТУКА.

Патуваме во Европа 2011

Република Македонија бележи дваесет лета самостоен и независен растеж. Растам и јас со неа, го бележам секој подвиг на нашиот бит, ја вложувам сета своја енергијата во заедничка подобра утрешнина. Оваа година имав среќа да се најдам на другата страна од видикот – очите ми беа вперени кон Европа. Не ми требаше многу време да се уверам во вистината што ме чекаше, зашто за сето ова време, безброј пати се имав прашувано себеси дали некогаш ќе ѝ погледнам в очи на Старата дама. Шансата што се отвори пред мене му даде, сосем спонтано, нова димензија на моето лето – ќе се патува низ Европа!

 

Целиот есеј од 2011 година може да го прочитате ТУКА.

Патуваме во Европа 2010

Беше премногу добро за да биде вистинито. И по едно милион конкурси каде што „нажалост мора да ве информираме дека не сте меѓу одбраните кандидати“ веќе ти е јасно дека што е подобар конкурсот тоа шансите да бидеш примен без врски се се помали.

 

Целиот есеј од 2010 година може да го прочитате ТУКА.

Патуваме во Европа 2009

Убавите нешта тешко се опишуваат. Како да објаснам дека луѓето во Европа се културни? Дека никој не се турка и сите се стрпливи и воспитани? Дека ништо и никој не доцни? Дека не се топли, но се љубезни? Дека никој не води сметка за туѓите животи, бидејќи секој се грижи за својот?…

Целиот есеј од 2009 година може да го прочитате ТУКА.

Европа нивниот дом

No Comments

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Во организација на Граѓанска асоцијација МОСТ, 11 студенти избрани по пат на јавен конкурс, и ова лето добија уникатната можност еден месец да се чувствуваат како вистински Европејци.

2

Своите доживувања студентите ги раскажаа низ есеи и ги преточија во фотографии. Фотографиите, минатата вечер беа изложени во кафе книжарницата Децата од нашата улица, каде посетителите можеа да ја видат Европа низ нивните објективи.  За најдобрите беа доделени и симболични награди.

Патувањето на студентите започна во Берлин, каде три дена се дружеа со околу 200 студенти од целиот регион, кои исто така беа дел од проектот. Од тука секој тргна по својот пат. Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Италија, Шпанија, Португалија, Словачка, Швајцарија, Австрија, …   Секој имаше можност сам да избере што сака да види и каде сака да ја промовира сопствената земја.

7

Во рамките на изложбата беше промовиран и краток филм од почетокот на нивното патување во Берлин.5

Categories: 2015

Бодување

No Comments

По извршените интервјуа, а рангирано според бодовникот, листата на избрани студенти е следната:

р.б. Име Презиме Студии Просек 1.
Редовност
2. Просек 3. Патувања 4. Јазици 5. Општ впечаток Вкупно
1 Васка Бојаџи Правен 10 5 20 9 4.67 2 40.67
2 Горан Стојаноски Фин. Менаџмент 9.8 5 19.6 10 3.56 2 40.16
3 Емилија Јовческа Музичка академија 9.24 5 18.48 10 3.11 1.6 38.19
4 Александра Живковиќ Правен 8.9 5 17.8 10 3.22 2 38.02
5 Верче Каранфилоска Е-бизнис 9.73 5 19.46 7 3 2 36.46
6 Елена Ѓорѓиева ПМФ-математ. 8.4 5 16.8 10 3 1.6 36.4
7 Михаил Петков Информатика 8.61 5 17.22 4 3.11 2 31.33
8 Ана Велковска Сметководство 8.3 5 16.6 5 2.3 2 30.9
9 Билјана Драгановска Медицина 8.41 5 16.82 4 3.78 1.2 30.8
10 Билјана Макревска Машински 8.45 5 16.9 4 3 1.73 30.63
11 Борче Алексоски Менаџмент 8 5 16 5 2.3 2 30.3
12 Маја Стојановска Архитектура 8.7 5 17.4 1 3.33 1.96 28.69
13 Александар Маркоски Стоматолошки 8.57 5 17.14 2 2.56 1.2 27.9
14 Кристијан Митиќ Маркетинг 9 5 18 0 2.55 1.51 27.06

 

За патувањето се избрани првите 12 студенти. Во случај на откажување на некој од првите 12 студенти патува следниот студент од листата.

Categories: 2015

Патуваа, го почувствуваа светот

No Comments

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

24 денови, 18 градови, девет држави, неколку нови, искрени пријателства и една огромна, незаборавна авантура. Август 2014-та e сегмент од животот кој засекогаш ќе остане длабоко врежан во нивните сеќавања.

Своите доживувања студентите ги раскажаа низ есеи и ги преточија во фотографии. Фотографиите, беа изложени во Концепт 37, каде посетителите можеа да ја видат Европа низ нивните објективи.  Во рамките на изложбата беше промовиран и краток филм од почетокот на нивното патување во Берлин.

 

Categories: 2014

Европа на дланка за 12те студенти од Македонија

No Comments

Горјан Анастасов е студент од четврта година по Економија, со просечна оценка на студирање 10. Одлично говори Англиски, сепак досега немал можност да патува надвор од Македонија. Горјан отсекогаш имал желба за патување и аплицирал на конкурсот бидејќи сака да открие нови хоризонти, но и да придонесе за градење на позитивната слика за Македонија.  Желбата ова лето ќе му се исполни затоа што тој ќе биде дел од студентите кои од 29 јули ќе патуваат месец дена низ Европа.

СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ

Categories: 2014