Студентите влегоа во Европа

No Comments

Претставниците од најдобрите студенти во Македонија, во рамките на проектот Патуваме во Европа, пристигнаа на својата прва дестинација, Виена. Своето патување го започнаа од Скопје, до Белград, каде им се придружија и колегите од Србија и Црна Гора, и на 16 јули пристигнаа во Виена. Ова е првата нивна европска дестинација, по што секој ќе ги продолжи патувањето.

„Ова е прво наше патување во некоја европска метропола и очекуваме многу забава и нови искуства“– видно возбудени, коментираа студентите.

„Се надеваме дека промовирајќи ја нашата земја, преку брошурите кои ќе ги делиме, ќе бидеме вистински амбасадори на Македонија“– додаваа тие.

Студентите се сретнаа со Амбасадорот на Р Македонија во Виена, Д-р Весна Борозан, која ги поздрави и им посака пријатен пат.

Студентите, кои беа одбрани на јавен конкурс, во наредниот месец ќе патуваат низ Европа и ќе се запознаваат со европските вредности, навики и култури и своите искуства ќе ги споделат со своите колеги и пријатели по враќањето во Македонија.

Од Граѓанската асоцијација МОСТ, реализатор на проектот, со помош на донаторите и спонзорите добија бесплатни Интер Реил билети за неограничено патување со воз, бесплатна шенген виза, осигурување ISIC и платежна картичка. За да може да бидат препознаени, облечени се во маички и капчиња со логото на проектот.

 

Соопштение за медиуми (PDF)

Categories: 2007, Uncategorized