Критериуми за избор на кандидатите

Основни критериуми, вклучени во формата за апликација, а врз основа на кои жирито треба да ја донесе својата одлука и да ја направи селекцијата се следните:
1. Кандидати кои можат да патуваат во рамките на проектот се студенти на универзитетите во Македонија и се во завршната година на студирање, апсолвенти или студенти во првата година од постдипломските студии.  (кандидатите ќе приложат соодветна оригинална потврда од факултетот на кој што студираат, со која што ќе го потврдат својот статус)

 2. Да се помлади од 26 години, да се државјани на Р. Македонија и да поседуваат биометриска патна исправа.

3. Достигнувања на студентите:

А. Просечна оценка за време на студирањето поголема од 8,0 (кандидатите ќе достават оригинална потврда за положени испити и за средна оценка, издадена од факултетот)

Б. Година на студирање (кандидатите ќе достават потврда од факултетот и индекс за годината на која се запишани на студии)

4. Познавање на јазици- Англиски, Германски, Француски, Италијански (кандидатите ќе имаат можност да го докажат своето познавање на јазици)

Приоритет ќе имаат оние студенти кои никогаш не патувале во странство.

Ќе бидат направени две листи со вкупно 30 студенти – студенти кои студираат природни и технички науки (15) и студенти кои студираат општествени науки и уметност (15).