За патувањето

Интер – раил карта

Овој возен билет е наменет токму за млади луѓе како тебе кои сакаат за 22 дена да посетат што повеќе места, а притоа да заштедат што повеќе пари. Со овој билет можеш да влезеш и слободно да се возиш во втора класа во било кој воз во Европа, колку сакаш и колку често сакаш. Да, тоа значи дека можеш да посетуваш различен град секој ден!

Ограничувања – Билетот кој ќе го добиете има важност од 22 дена. Не може да биде префрлен на некој друг, зашто гласи на ваше име.

Покрај ова, со Интер – раил картата не можете да патувате во Македонија – затоа испланирајте си некои ситни пари за да ве вратат од Табановце до дома. Многу е битно да запамтите дека картата е не заменлива, Тоа значи дека доколку ја загубите, нема да ви биде издадена нова и ќе морате да си го платите секое наредно возење вклучувајќи го и она за дома. Затоа – ВНИМАВАЈТЕ!

Конечно, овој билет со себе носи многу бенефиции како попусти за автобуски и бродски превоз и посета на културни институции. Видете во линковите за повеќе информации каде можете да добиете попуст со Интер – раил.

Корисни линкови:

За Интер – раил: http://en.wikipedia.org/wiki/Interrail

Официјална страна на Интер-раил и информации за попусти со Интер–раил: http://www.interrailnet.com/2_extra_pass_benefits.html

 Возови/останат превоз

Веројатно сите од вас досега се возеле во воз или знаат што можат да очекуваат. Но, она што ги прави европските возови различни од македонските е нивната редовност и доследност. Европјаните често се служат со ова превозно средство и возовите често можат да бидат преполнети.

Затоа, пофреквентните возови користат резервации и патниците мораат да си го резервираат своето место за да не останат без превоз. Ова се најчесто возовите кои сообраќаат помеѓу големите градови или ноќните возови.

Затоа, најпаментно би било веднаш при пристигањето на железничката станица да направите резервација за следното ваше патување. Овие резервации не се секогаш бесплатни и чинат од 1 до 30 евра. Најдоброто во ова е што за овие пари вие можете да добиете и превоз и сместување. Ноќните возови на долги релации (Мадрид – Париз или Берлин – Париз) можат да ви заштедат пари за хостел нудејќи ви „удобно“ седиште за ноќта.

Најдобро е ако можете на некоја од големите железнички станици да земете возен ред и железничка мапа на Европа. Ако не можете да најдете, слободно превземете ги од линковите подолу.

Во случај да се задржувате во некој град на само неколку саати, или пак немате однапред организирано сместување, можете да ги користите гардеробите на железничките станици кои се безбедни и чисти, а ќе ве чинат само пар евра по торба.

Со Интер – Раил можете да добиете и одлични цени за користење на траекти низ континентот, но за разлика од возовите, овој превоз нема да биде бесплатен. Цената зависи од должината на патувањето, но и од сезоната кога патувате.

За жал, со Интер – Раил картата не добивате никакви поволности за патување со авион. Сепак, во Европа функционираат многу нискобуџетни авионски компании кои за 10 пати пониска цена би можеле да ве одведат некаде. Внимавајте – овие карти се тешки да се најдат неколку дена пред летот, се продаваат исклучиво во еден правец и се користат споредни аеродроми!

Корисни линкови:

Европски возен ред: www.sbb.ch/enwww.raileurope.comwww.bahn.de

Попусти за Интер – раил корисници за автобуски превоз: www.interrailnet.com/2_extra_pass_benefits.html

Суперфаст траекти: www.interrailnet.com/2_extra_pass_benefits.htmlwww.superfast.com

Евтини авионски билети: www.skyscanner.comwww.cheap0.comwww.flybudget.com

 Студентски картички

Студентските картици се направени за да им помогнат на студентите на глобално ниво да ги добиваат истите попусти без разлика на земјите од кои доаѓаат. Најчесто овие попусти се однесуваат на посета на културни институции и настани (концерти, музеи, галерии, фестивали, кина, театри) и можат да бидат во висина до 100%! Но, можат да послужат и при сместување, храна, превоз, па и шопинг. На веб сајтовите (види подолу) на двете најпопуларни студентски картички можете да добиете цели листи на институции и дуќани од кои можете да добиете попуст во земјите кои ќе ги посетите.

Овие картички се прилично евтини и брзо се добиваат, па искрено препорачуваме да си ги набавите за да ви олеснат и поевтинат патувањето. www.euro26.org
www.isic.org

Градови кои ги препорачуваме
Дипломатски претставништва на РМ во Европа