За изборот

Фази во конкурсот

Апликација

Конкурсот е отворен од 01ви Јуни, а ќе се затвори на 25ти Јуни. Во тој период, сите заинтересирани ќе можат да ја подигнат апликацијата

Заради фер третман на сите апликанти и придржување до распоредот за избор, МОСТ нема да прифаќа задоцнети апликации. Инструкциите за пополнување на апликацијата, како и потребните пропратни документи, можете да ги најдете на првата страна од формуларот за аплицирање.

Обработка на апликациите

Според однапред одреден систем, МОСТ ќе направи бодување на апликациите. Како што е наведено во конкурсот, ќе се ценат успехот, редовноста на студиите, можноста за патувања, познавањето јазици и др.

Нецелосните апликации нема да бидат бодувани!

Откако ќе се бодуваат, апликациите ќе бидат рангирани во листа од 30 најдобри. Овие 30 студенти ќе бидат поканети на интервју.

Интервју

Интервјуерите ќе имаат задача да ги оценат познавањето на наведените странски јазици, како и да дискутираат со кандидатите на нивните одговори во апликацијата.

Конечна одлука

Конечната листа на успешни апликанти ќе биде составена по интервјуто по кратка дискусија на интервјуерите. При пласманот на првите 12 кандидати ќе бидат земени предвид нивните претходни бодувања, како и впечатокот на интервјуерите.

Листата на успешните апликанти ќе биде веднаш објавена на веб сајтот на проектот, а тие ќе бидат и телефонски контактирани.

Останатите 12 кандидати кои ќе испаднат по интервјуто, исто така ќе бидат рангирани и повикани при евентуално откажување на некој од првите 12-мина.

По изборот

Посреднички договор

Сите избрани студенти ќе потпишат договор со кој се регулираат обврските на двете страни од договорот (МОСТ и студентот кој ќе ни се придружи на патот).

Интер-раил карти и џепарлак

Секој учесник во проектот ќе добие Интер-раил карта со важност од 22 дена и мал џепарлак.

Претставување на земјата

Секој од учесниците на проектот ќе биде задолжен да понесе со себе брошури од Македонија (обезбедени од МОСТ) и да ги раздава на луѓето кои ќе ги сретнува на својот пат низ Европа. Покрај тоа, учесниците ќе бидат задолжени да ги споделат своите фотографии и останати спомени од патувањето со јавноста при враќањето од патот.