Влегоа во Европа но се вратија во Македонија

No Comments

   Претставниците на најдобрите студенти од  Македонија, по едномесечен престој во Европа се вратија назад во Македонија. Тие сега се наоѓаат пред предизвик да допринесат кон подигање на јавната свет за тоа колку е важно сите граѓани на РМ да ги почитуваат и негуваат демократските вредности.

Соопштение за медиуми (PDF)

Фотогалерија

“Не радува фактот што студентите се задоволни од патувањето и што се вратија дома побогати за нови искуства“- истакна Дарко Алексов, извршен директор на МОСТ и додаде: “Целта на овој проект беше преку патување, дел од најдобрите студенти во Македонија, да ја запознаат Европа, демократијата, културата и навиките и да ја претстават својата земја. Со задоволство може да кажеме дека оваа цел е остварена“.

Дневниците што со себе ги понесоа студентите, како што кажаа тие, се исполнети со настани, случувања и места за кои ќе вреди долго да се прераскажува. Воочиле многу различности, но и сличности, со состојбата кај нас и спремни се да придонесат кон подобрување на нештата во насока на доближување кон големото семејство.

“Демократските вредности треба да се негуваат и практикуваат. Размената на искуствата и директниот контакт се најдобар начин да се осознаат нештата. Останува предизвикот истите да се споделат“- додаваат дел од студентите.

Дополнителна вредност на проектот е што допринесе за позитивно претставување на земјава на обичните граѓани на ЕУ. Секој студент дистрибуираше по 250 брошури во кои беа претставени значајни настани и споменици од Македонија.

Со помош на донаторите и спонзорите на проектот, МОСТ на студентите за времетраење од 1 месец, им обезбеди Inter Rail карта, за неограничено патување со воз, бесплатна Шенген виза издадена од Германската амбасада, осигурување од Табак осигурување, ISIC картичка од Аурора турс и дел од потребните средства на платежна картичка од НЛБ Тутунска банка. Сите информации за проектот и слики од патувањето достапни се на www.patvoevropa.org.mk, страница која бесплатно е хостирана од ОН нет.

Categories: 2007