Бодување

Максималниот број на бодови кои може да ги добие еден кандидат се 42. Неговото учество во проектот зависи од неговиот академски успех, досегашни патувања надвор од земјата, познавање на странски јазици и оставање на општ впечаток. Најголемиот дел од бодовите се добиваат преку апликацијата, а оние за јазиците и општиот впечаток се добиваат на интервјуто.

Години на студирање – 5 поени

Овие 5 поени му се даваат на студентот кој редовно ги запишувал студентските години се’ до својот апсолвентски статус. По еден поен се одзема за секоја „падната година“, освен кога тоа се случило од оправдани причини (отсуство, болест и сл.)

Академски Успех – 20 поени

Овие 20 поени му се даваат на студентот кој имал просек од 10.00 во текот на студиите. За просек од 9, студентот ќе добие 18 поени итн.

Претходни патувања – 10 поени

Овие 10 поени ќе му бидат доделени на студентот кој никогаш не патувал надвор од регионот (Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Бугарија, Грција и Турција). По 1 поен ќе му се одземе за патување во земјите од Блискиот Исток и поранешниот Советски Сојуз. По 2 поени ќе му се одземат за секој пат во новите членки на ЕУ од Источна Европа. За секое патување во старите членки на ЕУ (освен Грција) ќе се одземаат по 3 поени. За прекуокеанско патување, како и за апсолвентска екскурзија ќе се одземаат по 5 поени.

Познавање на јазици – 5 поени

Максимални 5 поени ќе му се дадат на студентот кој одлично говори 3 јазика. За одлично познавање на само 1 од бараните јазици може да се добијат 2 поени, а помалку се даваат на студентите кои послабо говорат еден јазик.

Општ впечаток – 2 поени

2 поени се даваат во случаи кога интервјуерите ќе проценат дека се работи за талентиран студент, со одлично напишана апликација и/или студент на кој патувањето во ЕУ може да биде од голема важност за неговата иднина и кариера. Општиот впечаток се оценува на интервјуто врз база на мотивацијата, иницијативата и начинот на презентација на самиот студент.